Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе дискутираат за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.
Овие точки ќе бидат разгледани и од членовите на Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и Предлог-законот за изменување на Законот за домување, по скратена постапка.
Собраниската прес-служба најавува и дека Клубот за младински прашања и политики на Собранието денеска ќе има средба со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на тема: „Дигитализацијата како алатка на младите за воведување на нови алатки за добро управување“.
Ново на Сител
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
-

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири
-

Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани
-

Запросување за време на затемнување на Сонцето, постапката ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи
-

Трамп воведува царини за дронови и ја враќа старата технологија на американските бродови
