Седници на две собраниски комисии
Во Собранието за денеска се закажани седници на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-законот за ратификација на Договорот со САД за безбедносни мерки за заштита на класифицирани информации, Предлог-законот за ратификација на измените на Договорот со Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој и Предлог законот за ратификација на техничкиот аранжман меѓу Владата на Република Северна Македонија и Врховната Команда на сојузничките сили за Европа за воздушно патролирање над територија на државава.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа за Предлог-одлуката за давање согласност на општиот акт на Народниот правобранител и за Предлог декларацијата за борба против корупцијата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел