Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за политички систем и односи меѓу заедниците, и за економски прашања.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.
Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледа извештаите за работа на одделот за внатрешна контрола при АНБ за 2020 година и за работата на АНБ за 2020 година, како и програма за работа на АНБ за 2021 година.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците има четири точки на дневен ред од кои првата е Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка во прво читање поднесен од Павле Трајанов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски, Боби Мојсоски, Моника Зајкова.
На дневниот ред се и три законски решенија во второ читање – предлог законите за изменување и дополнување на Законот за управна инспекција, кој е по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните и за лобирање.
Комисијата за економски прашања ќе расправа за предлог законите за изменување на Законот за енергетска ефикасност, по скратена постапка во второ читање, и за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во второ читање.
Ново на Сител
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД