Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за здравство, за земјоделство, за економски прашања и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог измените на законите за здравственото осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за доброволно здравствено осигурување и за здравствената заштита, во второ читање.
Комисијата за земјоделство, пак, треба да дебатира законите за изменување и дополнување на законите за ловство, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за пасиштата, за земјоделски задруги, за водостопанство, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за тутун и тутунски производи, сите во второ читање.
На седницата на Комисијата за економски прашања исто така треба да бидат разгледани повеќе закони, меѓу кои Предлог - законот за занаетчиство, во прво читање, предлог измените и дополнувањата на законите за државната статистика , за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за технолошки индустриски развојни зони, за контрола на предметите од скапоцени метали, за електронска трговија..... Дел од дневниот ред на Комисијата се и предложените измени и дополнувања на законите за туристичка дејност, за индустриски – зелени зони, за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, за градежните производи, за таксата за привремен престој, за угостителска дејност, за трговските друштва, за метрологијата, за возила, за енергетика, за минерални суровини и за стечај.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија за разгледување се повеќе точки, меѓу кои предлог-законите за изменување на законите за Царинската тарифа, за занаетчиство, за јавните набавки, за експропријација, за спречување перење пари и финансирање тероризам, за административните такси, за буџетите, за рамномерен регионален развој, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за ревизија, за акцизите, во второ читање....
Законодавно-правната комисија треба да го утврди и пречистениот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација и да расправа и за граѓанската иницијатива со предлог за донеесување закон за дополнување на Законот за енергетика, на 161 граѓанин, доставена преку овластен предлагач Јанко Бачев.
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
