Седница на собраниската Комисија за транспорт и врски
– Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за транспорт и врски, на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, по скратена постапка.
Целта на Предлог на законот е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Македонски пошти на Република Северна Македонија согласно потребите кои ќе произлезат од либерализацијата на поштенските услуги.
-Во членот 1 од предлогот на законот се предвидува по членот 41 од законот да се додаде нов член 41а со кој на националниот операторот му се дава можност да продолжи да ја дава универзалната услуга со која ги обезбедува пратките за кореспонденција од стандардна категорија во првата тежинска стапка. Во членот 2 од предлогот на законот се дополнува членот 80 ставот 1 од законот, односно се предвидува прекршок за правното лице – давател на поштенските услуги доколку не постапува согласно членот 41а од предлогот на законот. Во членот 3 од предлогот на законот се врши усогласување на прекршочните одредби во членот 83 став 1 од законот. Во членот 4 од предлогот на законот се дава рок, можноста националниот оператор да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година, се наведува во образложението на Предлог законот.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа