Седми регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати во Охрид

Интензивирање на меѓусебната соработка како и поедноставување на начините за следење на најновите технички достигнување во областа на работата на лабораториите за нафта се теми да дискусија во рамки на 7. Регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид.
На Симпозиумот што се одржува во организација на „ОКТА“ и „Макпетрол“ учествуваат шеесеттина претставници на над 30 лаборатории и други организации и институции што стопанисуваат со нафтени деривати од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија,Албанија, Косово, Унгарија и Грција.
- Лабораториите постојано се наоѓаат пред различни предизвици, како намалување на трошоците на работење, испитување на својствата на добиените производи според сè построгите европски методи и стандарди, следење на најновите технички достигнувања во производството на лабораториска опрема, апарати и инструменти и нивно одржување, следење и примена на законските регулативи за заштита на животната средина. Овој симпозиум ни помага заедно и полесно да се соочиме со овие предизвици“, изјави Ице Рикалоски, директор на Дирекцијата за оператива во „ОКТА АД“ Скопје.
Во рамки на симпозиумот ќе се одржат повеќе предавања, дебати и дискусии, со цел споделување знаења и искуства за најновите трендови и техники во анализата на квалитетот на нафтата и нафтените деривати, со цел оптимизирање на работата на лабораториите и овозможување повисоко ниво на квалитет на услугите кои тие ги нудат.
Лабораториите од регионот подготвеноста за соработка ја потврдија преку спроведените две заеднички испитувања на два различни нафтени деривати, на исти примероци и споредба на добиените резултати, применувајќи ги европските стандарди. На тој начин и помалите лаборатории добија можност дополнително и без големи трошоци да ги проверат своите методи, резултати, апарати и оператори. Неколку лаборатории од регионот учествуваа и во проекти за заштита на животната средина, спроведени од светски институции, преку контрола на квалитетот на нафтените деривати кои се пуштаат во промет на пазарот.
Ново на Сител
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
