-->
-->
Седма манифестација „Мото парти“ во Велес
-->
Во организација на Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, денеска кај мотелот „Македонија“ во близина на Велес почна седмата манифестација „Мото парти“.
Манифестацијата почна со натпреварите во вешто возење во три категории на патеката околу мотелот „Македонија“.
Доцна попладнево ќе се одржи и дефиле на домашни и странски моторџии кои се пријавија за учество. Ќе возат од мотел „Македонија“ до Велес, каде што ќе се поклонат пред полициската станица во чест на загинатите полицајци минатата година во операцијата во кумановско Диво насеље. Потоа ќе имаат големо мото дефиле низ велешките улици.
Анде Габеров од Организациониот одбор на Мото клубот „Носачи на крстот“ изјави дека оваа година сите моторџии и бајкери се обединуваат под мотото „Не вози побргу отколку што може твојот ангел чувар да те прати“, со цел да се промовира безбедно возење.
Организаторите за вечерва кај мотелот „Македонија“ најавија забава со музика, скара и пиво и два концерта, на кој ќе учествуваат прилепската група „Crossroad Blues Band“ и групата „Bandx“ од Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил