Седиштата во јавниот превоз најчесто се грди, еве и зошто
Дали некогаш сте се запрашале зошто седиштата во јавниот превоз се грди? Голем дел од нив се прекриени со посебна волнена навлака, што е отпорна на дамки и на оган.
Изгледот на ткаенината во автобусите обично не е баш убав за очи, а зошто е тоа така, за Би-Би-Си открија стручни лица.
Имено, пред се, дизајнот мора да биде издржлив. Секојдневно, едно седиште го користат десетици патници, а тоа треба да издржи барем неколку години во употреба, да биде лесно за одржување, а во истовреме нечистотијата да биде невидлива.
Но, она што е најважно се сигурноста и огноотпорноста. Најпозната, во тој поглед, е т.н. мохет мешавина од волна.
- Волната е природно отпорна на оган, а од сите современи видови волна, мохетот е најотпорен. Тој е исто така, отпорен и на дамки, и многу добро ги прикрива ситните честички прашина. Чистењето го олеснуват и разни средства за премачкување, изјави Хариет Волис-Џонс за Би-Би-Си.
Што се однесува до одлуката за надворешниот изглед, Џон Њутон, шеф на продажба во „Камера Фабрикс“ ланецот производствени капацитети за превозни средства, вели дека на еден обичен состанок учествуваат произодители одговорни за седиштата и за самите возила, дизајнери и официјални претставници на транспортните компании, па така, на потполна согласност од сите нив, се чека и до неколку години.
Ако на тоа се придодаде и времето потребно за комплетна изработка на возилата, лесно доаѓаме до заклучок дека она што пред неколку години изгледало модерно, денес не е.
Друга причина веројатно е - монотонијата...
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин