Се урна спасувачки хеликоптер во Грузија, загинаа сите осум лица | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
Хеликоптер на грузиската гранична полиција изгубил контрола за време на спасувачка операција во зимски центар на северот на земјата и се урнал, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.
Хеликоптерот превезувал спасувачи од итната служба кои биле повикани да им помогнат на параглајдеристите кои претходно паднале во провалија, пишува грузискиот портал Агенда.
Министерството соопшти дека во хеликоптерот имало 8 лица во моментот на несреќата, а министерот за внатрешни работи Вахтанг Гомелаури потврдил дека сите осум лица загинале.
„Во близина на Гудаури додека летале со параглајдер 2 лица паднале на карпеста падина.Во спасувачката акција учествувал хеликоптерот на граничната полиција кој изгубил контрола и се урнал.
Во хеликоптерот имало четири членови на екипажот, двајца спасувачи од Службата за управување со итни случаи и две лица од медицински персонал од Центарот за координација и итна помош во вонредни ситуации“, се вели во соопштението.
Продолжува спасувањето на инструкторот за параглајдерство и на патниците кои го придружуваат, а започната е и истрага за причините за падот на хеликоптерот.
Ново на Сител
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата