Се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви

Хеликоптер со кој мексиканскиот министер за внатрешни работи Алфонсо Наварете се превезуваше до местото на синоќешниот земјотрес во Мексико, се урна при слетувањето, при што загинаа неколку луѓе на земјата, соопшти претседателот Енрике Пења Нието. Претседателот соопшти дека министерот е не е повреден.
Наварете патувал заедно со гувернерот на државата Оахака Алехандро Мурат и уште неколку владини претставници кон градот Пинотепа де Сан Луис, во зоната која неколку часа претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,2.
„Министерот Навара и гувернерот Алехандро Мурат, како и екипажот, се неповредени. За жал, неколку луѓе на земјата загинале, а други се повредени", напиша на Твитер претседателот Нието и изрази сочувство на семејствата на жртвите.
За каналот „Телевиса" Алфонсо Наварете изјави дека пилотот на хеликоптерот изгубил контрола над машината на околу 40 метри од земјата.
Репортер на „Телевиса", кој патувал со министерот, раскажа дека хеликоптерот ненадејно паднал откако кренал голем облак прашина над теренот за слетување. Новинарот, кој успеал да го напушти хеликоптерот со помош на војската, видел најмалку три тела.
Ново на Сител
-

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите
-

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“
-

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
-

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица
-

Познати ривалите на македонските екипи и за втората рунда квалификации од Конференциската лига
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
