Балкан
31. March 2016 - 11:19

Се степаа мигрантите во Пиреја, осум повредени

Најмалку осум лица се полесно повредени во судири меѓу авганистански и сириски бегалци што се случиле доцна синоќа во Пиреја.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека повредените се хоспитализирани.

Во меѓувреме, во Пиреја пристигна ферибот со седум бегалци и мигранти од Хиос и Митилена, а за денеска се очкува само уште едно лице.

Според последните податоци, во Пиреја и околината има 5.800 бегалци и мигранти.