Македонија
12. August 2024 - 12:25

Се шири пожарот на Галичица

Веќе осми ден трае битката со пожарот кај Галичица.

Веќе осми ден трае битката со пожарот кај Галичица .Иако првично беше ставен под контрола пожарот од албанска страна почна да навлегува и во Македонија .Огнот  се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Општина Ресен а чадот веќе неколку дена се гледа до Поградец. Екипите на НП Галичица кои се на терен апелираат и бараат помош од воздух  за да се делува со жива сила да се локализира и   држи под контрола пожарот.Моментално на овој потег гори  сува трева и смрека .

Поради неповолен ветер и негасење од албанска страна веќе има  проблем и можност од ширење на пожарот.

Од ЦУК инфомираат дека под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, каде опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума,а локализирани се и пожарите кои зафатија  мешана шума во село Опеница во Охрид, како и ниска вегетација во с.Долно Татеши – с.Добовјани во Струга.