Се сеќавате ли на детето кое пушеше 40 цигари дневно? Еве како изгледа после 8 години
Алди Ризал уште како двегодишно дете од сиромашното село во Суматра, Индонезија го запрепасти светот - пушеше 40 цигари дневно.
Среќа, во таа приказна се вмеша и индонезиската влада и покрена кампања за да го реши проблемот со детското пушење. Така детето одело во центарот за рехабилитација во Џакарта и успеа да се справи со оваа лоша навика.
Сепак, детето 40 цигари дневно сега ги заменило со големо количество на храна и повторно е снимен документарен филм за него.
- Многу луѓе му нудат на Алди цигари, но Алди не пуши. Тој вели дека го сака докторот Каку Сетоа и дека тој би бил тажен ако повторно почне да пуши и ќе се разболи, изјавила мајката Дијана Ризал (28), и додала дека на почетокот имал страшни изливи на бес, но тоа прекинало.
Алди сега голта храна како некогаш цигарите и сега ги загрижува неговата тежина. Алди има 24 килограми, а треба да има помеѓу 17 и 19 килограми.
Кога прекинал да пуши, ја уценувал својата мајка дека ќе запали цигара ако не му купи играчки. Ја удирал глават во ѕид, ако не го добиел тоа што го сака. Јаде зеленчук и риба, но во могу мали порции.
Детето го однеле кај нутриционист кој им дал совети за исхраната, и така сега детето јаде воглавно риба и зеленчук. Сепак, докторите се загрижени дека пушењето оставило трајни последици кога е во прашање неговата тежина.
Ново на Сител
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети