Се отвори првата ,,Библиотека на плажа” во Дојран
Денеска и официјално се отвори првата ,,Библиотека на плажа”. Пред присутните новинари и посетителите, градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов го поздрави овој проект и соопшти дека од денес сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно и книжевно да уживаат на Градската плажа во Дојран.
,,Чест ми е што денес на Градската плажа во Дојран се отвора Првата Библиотека на плажа. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран секој да ужива и одмора онака како што сака. На ваков начин Општина Дојран допринесува за развојот на културата, зголемување на процентот на читатели и дава една поинаква димензија на одмор и уживање на плажа.”- изјави градоначалникот на Општина Дојран, г-дин Борче Стамов.
Многу интересни и познати наслови, хитови за ова лето ќе бидат на полиците на библиотеката. Најчитаната книга за ова лето, ,,Сеќавање на љубовта”, македонската најпродавана млада авторка Верче Карафилоска и ,,Бездомникот со златен часовник”, како и мегапопуларните ,,Рингишпил”, ,,Шепнувачот”, ,,Кругот на животот”, ,,Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се читаат на Градската плажа во Дојран.
По овој проект, Општина Дојран ќе продолжи со плановите и идеите, а тоа е изнајмување на велосипеди, ново брендирање на Општина Дојран и ново туристичко лого, пешачка патека што ги спојува двата Дојрана и богата културно уметничка програма. Сите овие точки се проекти кои во овој период ќе се реализираат.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени
-
Без вода дел од Батинци и Љубош
-
По повод почетокот на учебната година премиерот Мицкоски и министерката Јаневска во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
-
Почнува новата учебна 2025/2026 година
-
Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
-
Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме
-
Без струја дел од корисниците на ул. „Иван Манолев“ во Бутел и ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром
-
Путин: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“