Ракомет
20. September 2016 - 9:11

Се оперираше Андреа Лекиќ

Ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ, во понеделникот, имала успешна операција на менискуот на левото колено.
 
Операцијата минала во најдобар ред и сега претстои периодот на рехабилитација. Се работи за хируршки зафат кој би требало да ја одвои од натпреварите во период од четири до шест недели.
 
При првата контрола ќе се има увид во текот на рехабилитацијата и кога би можела да почне со полесни тренинзи.
 
Лекиќ ќе го прошути почетокот на новатат сезона во Лигата на шампионките, односно првите два мече кои Вардар ќе ги одигра против Ференцварош (14.октомври во Скопје) и Лајпциг (21.октомври во Лајпциг).