Се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ во Црна Гора
Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора.
Во соопштението на Епископскиот совет се наведува дека Српската православна црква, иако имала можност молитвите да ги оддржува пред храмовите, како и намера да ги почитува наредбите од здравствените установи, околностите биле такви што „покрај усогласеноста со прописите, треба да се покаже и пример за воздржаност и трпеливост “.
„Формално-правно го прогласивме крајот на епидемијата и правната основа да ги продолжиме нашите оправдани протести, сепак, болеста се врати кај нас и во моментов напредува“, се наведува во соопштението.
Епископскиот совет ги повика верниците во парохиите од северот на Црна Гора, во кои повторно се забранети богослужби со присуство на верници, во договор со нивниот свештеник да бидат во врска за изведување на молитвите.
Во соопштението се додава дека редовните црковни служби во другите градови ќе се одвиваат во согласност со утврдениот ред, во согласност со здравствените регулативи.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено