Се очекува Грција да продолжи голем дел од мерките за туристите, меѓу кои и за копнените граници
На 31 август 2020 година истекуваат голем дел од одлуките на грчката Влада што се однесуваат на туризмот и туристите, како што се ограничувањата за одредени земји, затворените копнени граници, обврската за пополнување на PLF формуларот, а веројатно е дека овие мерки ќе бидат продолжени, нешто што официјално ќе биде соопштено утре на редовната прес конференција на надлежниот заменик-министер за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас.
-За продолжување на повеќето од овие мерки, ќе има сопштенија утре, на утрешниот брифинг со Хардаљас. Некои од мерките од локален карактер, кои не е потребно да бидат продолжени, ќе бидат прекинати, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, за можност за прекинување или продолжување на конкретните одлуки што се во сила до понеделник.
Во однос на ситуцијата со коронавирусот во Грција, Пецас рече дека и покрај зголемениот број на нови случаи, епидемиолошката слика на земјата е добра, факторот на пренос на вирусот (Рт) за периодот од 20 до 26 август е намален на 0,85, наспроти периодот од 5 до 20 август кога процените биле дека е над еден.
Портпаролот на грчката Влада истакна дека во текот на месецов, во просек биле направени 18.740 тестови дневно, како на влезните точки во земјата, така и во внатрешноста.
-Според дијагностичките тестови, 10–15 отсто од случаите се увезени. Повеќето од нив се раширени низ цела Грција, со поголема концентрација во двата големи урбани центри, рече Пецас.
Ново на Сител
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница