Се намалува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,214%, кај дизелот за 1,569%, кај екстра лесното масло за 1,616% и кај мазутот има намалување за 2,745%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,006%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 18.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,779 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик