СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со манипулациите кон родители и ученици
Откако 11 години системски го уништуваше образованието, денес ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите што носат модерен и ефикасен образовен систем.
Затоа оваа партија по секоја цена шири лажни вести и се обидува да манипулира со ученици и родители за партиски цели.
Јавноста знае дека партијата предводена од Христијан Мицкоски, стои зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и измислиците за некакви провизии и тендери.
Бојкотот на наставата е на штета на учениците затоа учениците и нивните родители, нема да дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски и лукративни цели на ВМРО-ДПМНЕ.
11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно го урнисуваше образованието и со експериментите како Кембриџ програмата и екстерното тестирање остави ученици, кои со своето знаење заостануваат зад своите врсници во европските држави.
ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секој напредок, на сé што е во интерес на граѓаните и на државата. Токму поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори