СДСМ: Со приоритетите од Акција 21, ја носиме Европа дома, за подобар живот на сите граѓани
СДСМ како одговорна партија, во наредниот период со уште поголема верба и мотивираност ќе работи да ги донесе европските стандарди дома, во нашата татковина.
Следната година, но и годините по неа ќе ги посветиме на реализација на новата стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“, која опфаќа 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.
Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда.
Приоритет е и бескомпромисна и неселективна борба против корупција.
Истовремено, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина.
2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 во рамки на Ковакс механизмот, а стигнуваат и добри вести од нашите соседи, околу набавка на нови вакцини, во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ.
Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди во новите економски можности ги носиме дома.
Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи на образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.
Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, затоа ја носиме Европа дома, за подобар живот за секој граѓанин.
Ново на Сител
-

Трамп вели дека САД може да извршат „уште една мала воена акција“ против Иран, потоа се справува со Куба
-

Сиљановска-Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
