СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори

СДСМ соочена со нискиот рејтинг повторно панично бега од соочување со волјата на народот.
Анкетите на релевантни институции кои го мерат јавното мислење му воочија на Зоран Заев и на неговата партија дека следните избори, кога и да бидат, ќе значат и десетти пораз за нив.
Затоа СДСМ не поднесе кандидатски листи за пратеници во законскиот рок и на тој начин уште еднаш призна дека ја нема поддршката од македонските граѓани.
На „Бихаќка“ им е сосема јасно дека и покрај сите деструкции и сценарија, покрај насилни протести и „бомби“, рејтингот на нивната партија не само што не е во пораст, туку бележи и пад. Граѓаните со секоја наредна анкета покажуваат дека имаат се помалку доверба во опозицијата.
На тој начин, граѓаните го осудија мрачното сценарио и деструктивното однесување на СДСМ. Од друга страна, рејтингот на владејачката партија се уште е најголем и расте. Народот искажува доверба на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во таа партија ја препозна и поддржа патриотската политика и економијата која дава огромни резултати.

Аналитичарите велат дека резултатите од анкетите се очекувани. Тие сметаат дека СДСМ нема ниту да се доближи до високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ ниту на среден рок, а многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту на долг рок.
СДСМ бега од избори поради својот низок рејтинг, недовербата која ја “уживаат“ кај граѓаните, поради тоа што десетта година се во опозиција, креираат деструкции, а не програма. Сите останати тези на СДСМ за тоа зошто не одат на избори беа побиени со факти и докази од надлежните институции.
Ново на Сител
-

Кривична против Сашо Велковски, поранешен градоначалник на Свети Николе
-

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
-

Американските власти открија тунел за трговија со дрога меѓу Мексико и САД
-

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европски земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
-

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп ќе воведе дополнителни царини за 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ
-

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
-

Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк
