-->
-->
СДСМ: Пописот ќе се одржи на пролет, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи оваа статистичка операција, 23.01.2021
-->
По речиси две децении во државата се создадени сите нормативни услови за спроведување на попис, по сите меѓународни стандарди и по прописите на Евростат, откако мнозинството во собранието предводено од СДСМ, го изгласа законот за попис.
Со пописот што ќе се одржи на пролет, со оваа најобемна статистичка операција ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики како и информации за инвалидитет, односно функционална попреченост на населението.
Овие податоци се од непроценливо значење за креирање на многу економски политики, рамномерен регионален развој, соодветни политики во образованието, здравствената заштита, културата, односно за креирање на издржани политики и стратегии за сестран развој на државата.
Опструкција на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е начин да се помогне на државата, туку се одмага, како што е случај за многу работи во последните години.Губитникот Христијан Мицкоски со повикот за бојкот на пописот ги
поттикнува граѓаните на кршење на законите, а токму последниот обид за попишување на населението во 2011 година пропадна поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се поразени, им пропаднаа обидите државата да остане без важна статистичка операција, оваа пролет ќе има попис
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Поради руските напади во Одеса најмалку 160.000 луѓе се без греење и електрична енергија
-
Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто
-
Kривична за Перпарим Бајрами: Закупил простории за Лотарија по цена најмалку два пати повиска од реалната
-
Угина мајмун во скопската Зоолошка
-
Украински напад предизвика пожар во руска нафтена рафинерија - нема жртви | ВИДЕО
-
Македонската репрезентација со 27 кикбоксери на Кик Бокс европски куп во Пловдив
-
Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Македонија, пренесуваат грчките медиуми
-
Санкционирани 262 возачи и пешаци во Скопје