Македонија
18. May 2018 - 15:28

СДСМ: Покачената акциза не влијае на сиромашните граѓани бидејќи 60% од нив немаат автомобил

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека зголемувањето на акцизата негативно влијаело врз буџетот на секое семејство. 

- „Вкупните дополнителни трошоци од покачување на акцизата со кој ќе ја намалиме конкурентноста на македонскиот транспорт и ќе ги зголемиме трошоците кои ќе влијаат директно врз трошоците на производство врз трошоците на финалните производи за консумација на граѓаните и за трошоците на патниот сообраќај“, рече Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот на опозицијата не ја доби поддршката од мнозинството во првото читање во Комисијата за финансирање со образложение дека повисоката акциза не влијае врз сиромашните.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, нагласи Мира Стојчевска, СДСМ.