Македонија
11. April 2025 - 12:29

СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија

Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот, реагира СДСМ во писмено соопштение.

Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија.

Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни.

Одговорност мора да има. Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт, се вели во соопштението на СДСМ.