СДСМ: Мицкоски сака да создаде политичка криза, тоа нема да го дозволиме, и во јуни и на „дата икс“ изборен пораз не му бега
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Собрание, не сакаат избори, не сакаат институции со полн легитимитет, не сакаат економијата да заживее, не сакаат здрвјето на граѓаните да биде обезбедено, не сакаат државата да оди напред.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да создадат политичка криза од која се надеваат дека ќе профитираат. Но, СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат.
Граѓаните добро го паметат неодговорниот однос на Мицкоски за цело време на коронакризата.
На почетокот Мицкоски се потсмеваше и ја потценуваше здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата. Ширеше Мицкоски лажни вести дека има само 100 тестови за корона, а потоа десетици илјади граѓани се тестираа. Мицкоски лажеше дека има 140.000 работници без работа а вистината е дека се околу 8.000. Работеше против министерот Венко Филипче и му поднесуваше кривични пријави.
Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да создадат политичка криза и да ја отежнат, да ја продлабочат економската криза, тоа е нивната стратегија која нема да успее.
СДСМ, граѓаните, државата, нема да дозволи еден неподготвен и неспособен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува целосна функционалност на институциите во земјава и да спречува создавање услови за трансформација на економијата.
Едно е јасно, и во јуни и на „дата икс“ на Мицкоски изборен пораз не му бега.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228