СДСМ: Иванов да го даде мандатот, мнозинството ќе формира влада

СДСМ денеска соопшти дека реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евроатлантските перспективи, ги разбива, како што наведуваат, сите неразумни аргументи околу мандатот што претседателот Ѓорге Иванов е неопходно брзо да го даде.
- Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси, соопшти СДСМ.
Порачуваат дека ќе има нова влада затоа што, истакнуваат, тоа е изборна волја на мнозинството граѓани.
Парламентарното мнозинство, наведува СДСМ, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата и веќе е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.
- Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поддржано од Иванов веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави пет месеци без нова Влада, а од вчера и без градоначалници и советници. Вработените во општинските институции поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов веќе се во ризик да не примаат плата, а граѓаните не можат да ги добијат потребните општински услуги. Граѓаните и домашната и меѓународната јавност очекуваат од Ѓорге Иванов да престане да ги поддржува деструктивните политики на Груевски и соработниците и да постапи според граѓанските и државните интереси, се вели во соопштението.
СДСМ ги повикува, како што стои во соопштението, „разумните политичари во ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно, партијата да престане со приземните политики на задоволување лични интереси на поединци и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата„. - Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада, соопшти СДСМ.
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
