СДСМ: Инвестираме во унапредување на условите за работа на припадниците на МВР
Градењето сигурно општество за граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот е приоритет на СДСМ, а резултатите на институциите, пред се на Министерството за внатрешни работи на дело ја покажуваат посветеноста за безбедност на граѓаните, за ред, правда и дисциплина.
Како резултат на интензивни и неселективни контроли на МВР бројот на сообраќајни несреќи со жртви во државата од 2017 година е во постојано опаѓање, за во 2020 година бројот на жртви во сообраќајот да падне на 125, што е најниска бројка во историјата.
Се преземаат и редовни, ефикасни акции за спречување на криминални и незаконски активности.
Последен пример за тоа е и акцијата за лоцирање и приведување на лицата креатори на групата „Јавна соба“, како и големата акција во Прилеп каде беше разбиена криминална група која се занимавала со продажба на дрога.
И претходната акција кога беше разоткриена група која незаконски издавала возачки дозволи, а каде беа уапсени и вработени во МВР, ја потврдува намерата да се расчисти и со незаконското работење на одредени полициски службеници и вработени во МВР.
Тоа влијае врз зголемување на довербата во полицијата, која денес е заштитник и сојузник на граѓаните.
Истовремено континуирано се инвестира и во унапредување на условите за работа на полицајците, се зголемуваат платите, а исплатена е и бонус плата за прекувремени часови сработени во 2020 година.
За три и пол години реновирани се над 46 полициски станици во државата, а за последните 4 месеци реконструирани се 5 објекти.
Во континуитет се набавуваат нови униформи и опрема за полицијата.
Сето ова позитивно влијае врз мотивираноста на полицајците.
СДСМ како одговорна партија е посветена на ефикасна, бескомпромисна и неселективна борба против криминалот и корупцијата на секое ниво, ред, правда и дисциплина, систем во кој сите се еднакви пред законот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари