СДСМ: Фактите ги демантираат очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја искриват реалноста

Фактите ги демантираат очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја искриват реалноста, економијата расте, парите завршуваат кај граѓаните
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитик на криминалите на Груевски, да ја искриви реалноста, кога успешните економски политики се поткрепени со факти.
За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните одеа за стиропор, бели дворци, прескапи жални врби и други нереално напумпани проекти, денес Владата предводена од СДСМ ги враќа парите кај граѓаните и се повеќе пари завршуваат во семејните буџети.
Повратот на ДДВ –то, укинување на радиодифузната такса, ефтината тарифа на струјата, намалување на казните, зголемување на платите, зелена нафта се само дел од мерките што ги намалуваат трошоците за живот и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.
Од економија во минус од 1,8 отсто во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме раст на БДП од рекордни 4,1 отсто.
За само една година, имаме странски директни инвестиции со раст за 260 отсто, а реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4,800 вработувања.
Над 250, домашни и странски компании добија финансиска поддршка во 2018 година, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.
Истовремено , со растот на инвестициите бележиме и раст на платите. Ако во мај 2017 година просечната плата изнесувала 22.889 денари, оваа година во месец мај таа изнесува 25.270 денари, што е пораст за 10,4 проценти временски период од две години.
Рекордното ниво од намалување на стапката на невработеност на 17,8 отсто и при тоа вработени 49.552 лица за две години, главно во приватниот сектор е уште еден показател дека државата ја доби вистинската насока на движење .
Фактите и бројките ги демантираат ВМРО-ДПМНЕ и нивните обиди да го оспорат економскиот раст и реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.
Очајното ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират дека оваа Влада предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните, а економијата оди во нагорна линија.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
