-->
-->
СДСМ: Државата изгради институции и систем што се борат против корупција, сите се еднакви пред законите
-->
За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.
Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.
Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.
СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата
-

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата
-

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025
-

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица
-

Рубио и Лавров нема да учествуваат на годишниот состанок на ОБСЕ
-

За денеска закажани дополнителни разговори меѓу Украина и САД
-

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца, 11 земји гласаа против

