СДСМ: Црните тефтери за вработувања беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Црните тефтери за вработувања беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, денес институциите се професионализираат, за сите важат еднакви услови
Времето на списоци и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, времето на масовна партизација на институциите функциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Граѓаните дознаа како криминалното и расипничко ВМРО-ДПМНЕ масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Јавноста и денес, преку јавно објавените материјали во судските процеси имаат можност да дознае како државната администрација се полнела со членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу другото и СМС комуникацијата помеѓу криминалецот Никола Груевски со тогашната министерка Јанкуловска, кадешто тој ѝ препраќал пораки за „заслужни вработувања“ на членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои им било ветено вработување, покажува како државните институции се претворале во испостави на ВМРО-ДПМНЕ.
Времето на таква масовна партизација и заробена држава е завршено.
Започнатиот процес на реформа обезбедува професионализација и независност на државните институции.
Денес институциите функционираат транспарентно, огласите се законски и јавно достапни, за сите важат еднакви услови и критериуми. Институциите се професионализираат и работата во служба на законите и во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре

