Македонија
16. January 2022 - 11:10

СДСМ: Арсовска со нејзините скандалозни одлуки нанесува штета на скопјани

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата и неспособноста за потребите на граѓаните.

Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука.

Токму на предлог на Арсовска управните и надзорните одори на јавни претпријатија и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

По само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не исполнува ниеден критериим за функцијата што му е доверена.

Арсовска не сака да финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Освен тоа, Арсовска две недели не одговара кој и со чии пари ја организирал и финансирал новогодишната прослава на градскиот плоштад.

Наместо проекти, работа, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзината неспособност.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ