СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со аздисување и да почнат со штедење
Нема оправдување за аздисувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен што не работат ништо, не се кадарни да реализираат ниту веќе започнати проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партиски вработувања, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања.
Истовремено, се жалат дека општините немаат пари и бараат помош од Владата, наместо да им помогнат на граѓаните во време на криза.
Градоначалничката Данела Арсовска досега ништо не сработи, постојано бара пари од Владата, а годинава ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет за партиски вработувања.
Нејзиниот пример го следат многу други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ како што се градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден, Сопиште...
Ако Арсовска е загрижена за функционирањето на Град Скопје и другите општини, нека даде пример за домаќинско работење и нека ги пренамени парите за вработувања, а потоа нека ги повика и останатите градоначалници да го сторат истото.
Во време на криза овие градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат над еден милион евра за партиски вработувања.
Крајно време е Арсовска и останатите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со аздисување и да почнат со штедење, бидејќи граѓаните очекуваат конечно да почнат да реализираат проекти, да решаваат проблеми и да работат во интерес на граѓаните и општините.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
