-->
-->
Сара Тодоровска заштитно лице на 53-тите „Рацинови средби“
-->

Сара Тодоровска, ученичка во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, е избрана за заштитно лице на 53-тата поетска манифестација „Рацинови средби“.
Сара е избрана меѓу 11 ученички од повеќе средни училишта во Велес кои аплицирале на распишаниот конкурс „Музата на Рацин“. Со заштитното лице на „Рациновите средби“ ќе се реализира целокупниот рекламен материјал на манифестацијата: фотосесија, програма, плакат, билборд и видеоспот.
- Целта на конкурсот „Музата на Рацин“ е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рациновите средби“, соопшти организаторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
