Македонија
18. јуни 2021 - 20:37

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје-Велес поради брзо возење

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив, 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.