Санкционирани 205 пешаци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во вчерашната засилена акциска контрола од 09.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 205 пешаци од кои 189 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.
На 46 пешаци им се издадени покани за посетување сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 88 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. -Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
