Самоопределување ќе бара оценка на уставноста на демаркацијата

Косовоското опозициско движење Самоопределување одлучи да побара оценка на уставноста на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше усвоен вчера во косовскиот Парламент, соопшти пратеничката на оваа партија Албулена Хаџиу.
Според неа, Самоопределување следната недела ќе побара од Уставниот суд на Косово да се поризнесе за уставноста на Законот.
- Ние одлучивме Законот да го испратиме на оценка до Уставнот суд, работиме на тоа. Ние ќе го направиме тоа во рок од осум дена од денот на неговото донесување, како што е предвидено со Уставот, изјави Хаџиу.
Таа тврди дека Законот во многу аспекти не во согласност со Уставот, а особено кога станува збор за „повреда на територијата на Косово“.
Косовскиот законодавен дом синоќа по повеќе обиди го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, на што се спротвствуваше Самоопределување, чии пратеници ја попречуваа постапката со активирање на солзавец во собраниската сала во четри наврати.
Откако 13 од 19-те пратеници на Самоопределување беа отстранети од Собранието, од кои седум се уапсени и се во притвор, Парламентот со 80 гласови ја ратификуваше демаркацијата, со пресуднот глас на Адем Хоџа,од Еднствената горанска партија, кој е дел од парламентарната група на Српска листа, чии останати пратеници на присурствуваа на седнцата.
Владејачкото мнозинство тврдеше дека демаркацијата е во интерес на граѓаните на Косово и дека по ратификацијата на Приштина ќе и се добие визна либерализација, додека Самоопределување уверуваше дека „демаркацијата е предавство“, бидејќи на Црна Гора и се отстапува 8.200 хектари територија и оти таа не е единствениот услов за укинување на визниот режим.
Ваквото укажување на Самоопределување денеска го потврди и Канцеларијата на ЕУ во Приштина, која упатувајќи честитки до пратениците за ратификација на демаркација, порачаа дека следниот чекор кон визната либерализација е ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.
Ново на Сител
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
