Самит на ОН посветен на бегалците и мигрантите
Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска ќе почне Самит за бегалците и мигрантите, кој ќе го отвори новиот претседавач на Генералното собрание на ОН Питер Томсон, по што ќе говори и генералниот секретар на ОН Бан Ким-мун.
- Ова е прв пат Генералното собрание на ОН да организира самит на ниво на шефови на држави и влади за големото движење на мигрантите и бегалците ширум светот и претставува историска можност да се изработи план за подобар глобален одговор, се наведува во соопштението на сајтот на ОН.
Самиот го свика претседателот на 71. седница на Генералното собрание во име на државите членки. На самитот ќе присуствуваат шефовите на држави и влади, министри, лидери на агенциите на ОН, претставници на цивилното општество, приватниот сектор, меѓународната безбедност, академските кругови.
На маргините на Генералното собрание утре американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на Самитот на лидерите за бегалците.
Додека Самитот на лидерите ќе се фокусира на бегалците, а не на мигрантите, во фокусот на Самитот на Генералното собрание на високо ниво ќе биде движењето на мигрантите и бегалците.
Генералната дебата во Генералното собрание, на која ќе учествуваат шефови на влади и држави членки на ОН ќе трае до 20 до 26 септември.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?