Сали: Состојбата со Ковид-19 стабилна, постојните мерки треба да останат
Се додека секојдневно добиваме бројки од 80 до 90 новоинфицирани случаи постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати. Состојбата е стабилна, линеарна, секој ден исти бројки добиваме така што засега е мирно и немаме некој аларм што се најавува за во иднина. Ова денеска го истакна министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека моментално го планираат третманот на постковид пациентите.
Како одговорни и политичари и управители на институции, а и како граѓани, посочи министерот, мора да внимаваме на местата каде се движиме, доколку имаме симптоми навреме да се пријавиме, доколку сме позитивни при некој тест да се изолираме така што да не помагаме во ширење на инфекцијата.
– Со моментот на опуштање на мерките во врска со КОВИД -19 најавив дека постковид периодот е период што е многу значаен за сите граѓани, односно за здравствениот систем. Најавив дека Комисијата ќе продолжи со работа, можеби не со истото темпо, меѓутоа со работа што ќе означува едно планирање како да се справиме со постковидот, дали ќе биде тоа еден објект во кој ќе се третираат сите постковид компликации кај пациенти или пак ќе бидат повеќе клиники ангажирани околу тие пациенти, како ќе ги третираме нив… Една од целите ни е симулација на можна појава на петти бран ковид инфекции. Работиме на тоа. Моментално сме на планирање на третманот на постковид пациентите. Ова што го правиме сега е една од точките која е многу битна. Раната дијагностика на компликациите е половина третман за терапија, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето нов линеарен ацелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Додаде дека се уште не одлучиле дали една клиника или повеќе оддели во одредени клиники ќе бидат одговорни за третман на постковид пациенти.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
