Македонија
19. May 2022 - 19:46

Сали: Нова апаратура стои по 7-8 години во магацин поради технички причини

Набавени се голем број на опреми и апаратура која што не е инсталирана поради технички причини, поради несоодветно место каде треба да се постават, недоволни инсталации за поднесување на елементарната потреба и поради можеби немање буџет и средства се откажувала таквата инвестиција и во меѓувреме имаме такви апарати кои по 7-8 години стојат во магацини што за жал компаниите кои увезуваат опрема во меѓувреме плаќаат и кирија и осигурување за тие апарати се до нивна инсталација, ова го посочи министерот за здравство Беким Сали во своето гостување во Тема на денот на Сител ТВ.

- Јас мислам дека тоа е недопустливо. Доаѓам од приватен сектор и знам колку е товарот на една компанија која има непредвидени средства кои треба да ги потроши поради недобра или несоодветна организираност на целиот ланец од момент на објавување на јавна набавка до инсталација и пуштање во употреба, кажа Сали.