Сали: Неколку болници означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина
Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Северна Македонија.
Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Северна Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќе пати нагласуваа дека се подотвуваат за евентуален бран бегалци.
- Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек, нагласува Сали за МИА.
Ново на Сител
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско