Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија
Сега преминуваме од здравствена на економско-социјална криза. Граѓаните ја чувствуваат и навистина се загрижени, изјави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, предупредувајќи дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се распадне Милано.
Тој истакна дека во Милано и околината моментно има околу 10.000 заразени лица со коронавирус, а само во градот се околу 4.000.
– Помалку страдавме од Бергамо и Бреша. Ако се распадне Милано, тогаш ќе се урне целиот здравствен систем на Ломбардија, нагласи Сала, додавајќи оти нема знаци за влошување на ситуацијата во градот, бидејќи луѓето сфатија дека мораат да останат дома.
Сала, сепак, оцени дека Милано го чека „долг и тежок период“ и се уште е многу рано за заживување.
– Немаме датум за целосно отворање на Милано. Она што го правиме е дека се подготвуваме повторно да заживееме, ни треба план, полека ќе се отвора сектор по сектор. Размислуваме како ќе работи јавниот превоз и метрото кога ќе има повеќе луѓе на улиците. Дигиталната мрежа? Како ќе ги користиме стадионите, кино салите, театрите? Како ќе и помогнеме на економијата на Милано, објаснува Сала.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера