Македонија
22. October 2016 - 9:09

Саем за стипендии „Студирај во странство 2016 “

Седмиот саем за стипендии  „Студирај во странство 2016 “ ќе се одржи денеска во Скопје. Годинава првпат на саемот ќе има директни учесници од универзитетите од САД и Канада, најави Образовениот информативен центар - ЕАЦ, кој е организатор на саемот.

Стипендиите „Експо - Студирај во странство“, како што велат од ЕАЦ, е настан за македонските студенти кои сакаат да студираат во друга земја.

Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со претставници од многу приватни и јавни универзитети и да изберат меѓу голем број програми за студирање, стипендии и други форми на можности за финансиска помош достапна за македонските граѓани за студирање во странство.