Садик Кан: Градот Лондон ќе бара посебен договор за Брегзит

Лондон ќе бара посебен договор, што би им овозможило на фирмите да продолжат да обезбедуваат кадри од земјите во ЕУ и по Брегзитот, изјави лондонскиот градоначалник Садик Кан во разговор со бизнисмени од британскиот главен град.
Кан најавил организирање на специјален состанок на врвот во новата година, за да се разгледа ова прашање со различни бизнис групи.
Тој инсистира дека лондонските компании и фирми мора и натаму да имаат обезбеден пристап до високообразованата и стручна работа сила од земјите на ЕУ.
На одржаниот форум во Лондон, градоначалникот Кан ги информира бизнис лидерите дека врши протисок врз Владата за да прифати позиција во преговорите за излегување од Унијата, која ќе ги задоволи барањата за квалификувана работна сила.
Кан ги обвинува министрите дека не ја слушаат загриженоста на лондонскиот финансиски центар Сити, околу овие состојби.
- На моите мсечни средби со владините министри, добивам впечаток како тие да не го слушаат она што им го зборувам, се пожали градоначалнкот Садик Кан.
Околу 650 илјади лица родени ширум ЕУ, сега работат во Лондон, што е рамно на 12,5 отсто од работната сила во британскиот главен град.
Најголем дел од нив се во градежниот сектор, 88 илјади, како и во финансискиот и осигурителниот сектор, каде има 50 илјади Европејци. Други 58 илјади се вработени во научниот сектор, обрзованието и како технички персонал.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
