Свет
23. јуни 2016 - 8:54

САД во јули ќе организираат хуманитарна конференција за Ирак

САД, заедно со Канада, Германија и Јапонија, ќе организираат конференција за собирање на хуманитарна помош за Ирак, која ќе биде одржана на 20 јули во Вашингтон, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент. 

- Ова ќе биде обид да им се помогне на луѓето во Ирак кои се погодени, дали со хуманитарната криза, дали со уништувањето, кое во земјата го предизвикува ИД, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.