-->
-->
САД при воздушен напад во Авганистан убија цивили
-->

- Мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО, соопшти дека во воздушниот напад на САД, што беше побаран како поддршка за авганистанската специјална едница, која се бореше со напаѓачите на кабулскиот аеродром, загинаа пет цивили, за кои претходно беше јавено дека се повредени.
Во соопштението на Мисијата е наведено дека цивилните жртви се последица на грешка при лансирање на ракета. Не се дадени повеќе детали за случајот.
Повеќе ракети и минофрлачки гранати вчера беа истрелани врз аеродромот во Кабул додека таму слетуваа американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
И талибанците и Исламска држава преземаа одговорност за нападот, преку соопштенија објавени на социјалните мрежи, при што талибанците тврдат дека стрелале директно врз авионот на Матис.
Според очевидци Матис и Столтенберг не биле во директна опасност од нападот.
Тие на вчерашната средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја потврдија својата поддршка за обезбедување на мирот во Авганистан и за спречување на ширењето исламистички групи во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда
-

Италијанец ќе стане првиот европски астронаут на мисијата „Артемис“ на НАСА
-

Јаневска: Честитки за успешно завршената учебна година, да продолжиме заедно да ги спроведуваме промените за поквалитетно образование
-

Белата куќа ги брани забраните за влез на дел од учесниците на Светското првенство во фудбал 2026
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
