-->
-->
САД оваа зима во Европа ќе распоредат околу шест илјади војници
-->

САД оваа зима во Европа ќе распоредат околу шест илјади војници, јави ТАСС, повикувајќи се на претставници во Пентагон.
Дополнителната оклопно-тенковска бригада, која ќе биде испратена во Европа, се состои од четири илјади лица. Станува збор за Третата оклопно-тенковска бригада од Четвртата пешадиска дивизија, стационирана во сојузната американска држава Колорадо.
САД ќе распоредат во Европа уште 1.750 војници од Десеттата авијациска бригада од Десеттата планинска дивизија.
Министерот за одбрана на САД Ештон Картер претходно изјави дека дополнителната оклопно-тенковска бригада ќе пристигне во Европа од Колорадо во февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
