Руското МНР: Апсурдни се тврдењата за мешање на Москва во изборите во Албанија

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека какви било тврдења дека Русија се мешала во парламентарните избори во Албанија во 2017 година е „апсурдна идеја насочена кон поткопување на врските меѓу Мосвка и Тирана“.
Американскиот магазин „Мадр Џонс“ (Mother Jones) и повеќе албански весници на 6 март објавија текстови за наводно мешање на Русија во албанските избори.
- Овој материјал е уште една апсурдна идеја која побудува длабоко жалење и која не е вредна за дополнителни коментари. Таквите шпекулации се дел од кампањата за дискредитирање на ширење на лаги, кои западните медиуми ги спроведуваат против Русија, се наведува во денешното соопштение на руското МНР.
Целта на објавувањето на оваа статија, проценува Министерството, е да се наметне искривена слика за Русија и да се поткопа напредокот во соработката меѓу Москва и Тирана.
- Подвлекуваме дека, за разлика од некои западни земји, Русија е посветена на принципот на немешање во домашни прашања на другите земји, вклучувајќи ја и Албанија, се вели во соопштението.
Руското Министерство за надворешни работи во соопштението „уште еднаш ја потврдува својата подготвеност за контакти и отворена соработка со сите политички сили на Албанија, со цел да се поттикне дијалогот".
Американскиот весник објави долг текст за истрагата на фирма поврзана со Русија, која ангажирала поранешен член во предизборниот тим на претседателот на САД Доналд Трамп, Ник Мазин, да работи во САД за давање поддршка на албанската десничарска Демократска партија за време на парламентарните избори во Албанија во 2017 година.
Социјалистите на тие избори освоија мнозинство од 65 места во Парламентот, додека Демократската партија беше второ пласирана, со 50 места во законодавниот дом.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
