Руско МНР: Се продлабочува политичката криза во Македонија
Русија констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Македонија и силно надворешно влијание, се наведува во денешната реакција на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со ситуацијата во земјата, пренесе руската агенција ТАСС.
Оттаму додаваат дека станува очигледно оти вештачки предизвиканите вонредни парламентарни избори што се одржаа на 11 декември 2016 година не придонесоа за решавање на ситуацијата.
- Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија, се нагласува во реакцијата од руското МНР.
Целта, потенцираат, е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети.
Од руското МНР истакнуваат дека „особен немир предизвикува фактот што во мултиетничка и мултикултурна Македонија каде имаше тежок меѓунационален конфликт политичарите од една етничка заедница врз основа на надворешно диктирани ултимативни барања фактички решаваат кој од блоковите на другата заедница да влезе во составот на идната владина колаиција“.
- Бесрамното макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите може да предизвика ескалација на состојбата во Македонија и да ја наруши кревката стабилност во целиот регион, истакнува Министерството.
Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.
Ново на Сител
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
-
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
-
106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“