Свет
1. July 2016 - 12:33

Руски авион што учествувал во гаснење пожар во Сибир исчезна од радарите

Руски авион Ил-76 со десет луѓе во него што учествувале во голем шумски пожар во Иркутската област во Сибир, исчезна од радарите.

Авионот бил на височина од 3.00 метри кога бил прекинат контактот со него. Руските власти почнаа со операција за негово пронаоѓање. Во операцијата се вклучени неколку авиони и околу 300 луѓе. Пожарот во тој регион веќе зафати површина од 8.900 хектари.