Русија почна воени вежби во водите во Арктикот
Русија почна воени вежби во нејзините води во Арктикот, во кои учествуваат 1.800 војници, повеќе од десетина бродови и 40 авиони и хеликоптери.
Северната флота на руската морнарица соопшти дека вежбите ќе се фокусираат на заштитата на „безбедноста на руската трговска морнарица и поморските патишта, како што е Североисточниот премин“.
Се очекува вежбите да траат неколку дена. Координацијата меѓу воздушните, морските и копнените сили ќе биде ставена на тест, се вели во соопштението на Северната флота.
Североисточниот премин минува долж северниот брег на Русија.
За Русија, преминот е важен за да може полесно да извезува суровини што земјата ги произведува на Далечниот север, на пример природен гас, кој понатаму се транспортира во течна форма од полуостровот Јамал, во северозападен Сибир.
Со цел да го потврди своето право на поларниот регион, Москва формираше единици специјализирани за борби на Арктикот пред повеќе од 10 години.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски